Демонстрантите во германскиот град Касел денеска се судрија со полицијата за време на протест против епидемиолошките мерки. Полицијата за да ги растера демонстрантите употреби солзавец и палки .
На протестот во Касел учествуваа околу 7.000 луѓе. Покрај судирите со полицијата, имаше и неколку судири со контра-демонстрантите, јави германската новинска агенција ДПА.
Неколку групи, од кои повеќето екстремно десничарски противници на владините политики за борбата против пандемијата, повикаа на протести низ целата земја.
фото: PRTSC