Македонија

Vocentar.com: Македонските архиви располагаат со докази со кои ја ставаат целата бугарска историја на апарати за дишење

Vocentar.com објави проглас од 6 мај 1944 година. Месниот комитет на Комунистичката партија на Македонија им се обраќа на Скопјани и Скопјанки за нивната поддршка за бркање на германско-бугарските фашистички окупатори од Македонија.

Крвавите германо-болгарски фашистички окупатори и нивните слуги во Македонија закараа вашите мили и драги, најарните синови на Македонија во интернација и тешка ропска работа во концентрациони логори во Болгарија и Германија. Вас, жени, мајки, нејаки старци и деца ве оставија без вашите хранители и фашистички гадови, ве осудија на глад и мизерија.

Што скривија вашите синови и ќерки?

Желаеле слободата на Македонија. Воодушевувале се со успесите на нашата млада и јуначка народноослободителна војска на Македонија, помагале и и летале во нејзините редови. Тоа е целата нивна кривица. А целиот наш народ се денес дига на востание против фашистичкото ропство и германо-болгарскиот окупатор. Нашата народноослободителна борба расте. Успесите на Народно-ослободителната војна на Македонија – Ристовац, Злетово, Пробиштип, Кратово, зашеметуваат крвавите фашистички ѕверови и им утераа веќе страв и трепет во коските. Фашистичките окупатори и нивните слуги се тресат од страв. И мерките кои ги земаат сега се од очајание и да прикријат својата уплав од нарушувањето и ударите на нашата Народно-ослободителна борба.

Залудно за германо-болгарските фашистички окупатори и нивните слуги во Македонија се надеваат дека ќе застрашат нашиот народ и ќе успеат да ја одвојат неговата света борба за слобода и поарен живот.

Вие, скопјани и скопјанки, и целиот наш народ, нема да се уплашите од очајните мерки на фашистичките мрсници. И вие на својот грб осетувате „добрините“ на фашистичкото ропство и тие мерки нема да ве запрат да ја продолжите плaмнатата Народно-ослободителна борба и во уште поголем број да и се придружувате, влегувајќи смело во редовите на храбрата македонска војска. Жeртвите што ќе ги земе крвавиот фашистички окупатор само ќе ве направат уште по смело да влезете во борбата, оти без борба и жертви нема да се испадат германо-болгарските фашистички окупатори од нашата татковина и уништат нивните слуги во Македонија; оти без борба и жертви не се извојува слободата.

Фашизмот и неговото господство во Македонија се на издихание. Македонскиот народ води нерамна борба со него веќе три години и даде скапи жертви во таја борба. Во неја постигна големи успеси. Но во борбата против фашизмот он не е сам. Со него се храбрите братски народи на Југославија. Со него е подигналиот се на борба болгарски народ. Со него се Великиот Советски Сојуз и неговите велики сојузници Англија и Америка. Со него са сите слободољубиви народи во светот. Решителниот удар против фашизмот од исток, југ и запад наближува. Фашизмот неминово ќе биде повален и уништен. Победата е сигурна.

СКОПЈАНИ И СКОПЈАНКИ

Не давајте фашистичкиот окупатор и неговите слуги во Македонија да одвлечаваат вашите синови и ќерки во концлогорите и на ропска работа во Болгарија и Германија, каде од глад и мачење ќе загинат. Спречете мрсните крвопои во нивната намера. Борите се за своите мили и драги. Организирајте делегации и масовни демонстрации против интернирањето и теророт. Организирајте криење и бегање на вашите драги деца гонети од фашистичката крвава полиција. Помагајте им да се префрлат до најблиската воена единица на Македонската војска. А вие самите влегувајте смело во редовите на нашата млада Народно Ослободителна Војска на Македонија. Само со смела борба ќе очувате животите на своите мили и драги. Само така ќе се ослободите од фашистичкиот затвор и ќе загарантирате слободата за себе и целиот наш народ.

НАПРЕД ВО БОРБАТА НАПРЕД ВО ПОБЕДАТА.
НАПРЕД ВО РЕШИТЕЛНАТА БОРБА ПРОТИВ ИНТЕРНАЦИЈАТА, КОНЦЛОГОРИТЕ И ТЕРОРОТ.
ВЛЕГУВАЈТЕ СМЕЛО ВО РЕДОВИТЕ НА НАШАТА МЛАДА И ХРАБРА НАРОДНО ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА НА МАКЕДОНИЈА.
ДА Е ЖИВА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
ДА Е ЖИВА НАШАТА СЛАВНА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА И ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ НА МАКЕДОНИЈА.
ДА Е ЖИВА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ВО НОВАТА СЛОБОДНА ДЕМОКРАТСКА ФЕДЕРАТИВНА ТИТОВА ЈУГОСЛАВИЈА.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ

6 мај 1944 година Месен комитет на
Комунистичката партија на Македонија

извор: Vocentar.com

На почеток