Вицепремиерот за борба против корупција ми забранил да коментирам. Делува сосема наивно, детски дури, од функционер платен со наши пари (меѓу кои нешто ситно и од мене) да забранува коментирање на негови постови. Нормално коментарите никогаш не биле говор ба омраза или закани затоа што покрај шо е казниво е и недостоинствено. Исто ко и забраната, напиша на својот ФБ профил Божидар Божинивски.
Божиновски во објата додава:
Делува наивно, но според плановите и не е. Не само за мене туку за сите. Намалена им е толеранцијата на критика, а уште го немаат извадено асот од “Агенда 21” за борба против лажни вести, наизглед племенита борба, а во пракса цензура. Денес е еден министер со забрана за еден човек. Утре ќе е цела влада со забрана за сите. До крајот на годината ќе е отворена цензура на медиуми, социјални мрежи.
До денес “фејк њуз” беше дека Љупчо бил во Дубаи. Денес призна, како релевантен извор, дека бил.
За жал не учат ништо од историјата и од тоа што го поминаа, кога немаше каде да писнат и да им се слушне глас па сега од позиција на моќ ќе сакаат да го прават истото. Забораваат дека моќта не е вечна и дека еден ден пак на маргините ќе зборуваат во празно. Само тогаш без маски на некои слободотворци туку како опортунисти кои својата историска шанса ја потрошиле за лично богатење.
П. С. Ако смета статусот министре пиши, ќе го тргнам.
извор: ФБ Божидар Божиновски