На 67 годишна возраст, во Скопје по кратко и тешко боледување почина познатиот доктор и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, Александар Шиколе.
Шиколе беше редовен професор на катедрата за интерна медицина, наставно – научната област нефрологија и вработен на Универзитетска Клиника за Нефрологија во Скопје, каде подолг временски период ја извршуваше директорската позиција.
Докторите на социјалните мрежи се простуваат од својот професор и колега.
Фото: Социјални мрежи