Македонија

22 лица го прекршиле полицискиот час, а 531 лице се казнети за неносење маска

Од 22.00 часот (24.03.2021) до 05.00 часот (25.03.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (24/25.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 531 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

фото: Архива

На почеток