Македонија

Средба на претседателот Џафери со премиерот Заев

Денес претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери оствари средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, кратко пред почетокот на Пленарната седница за пратенички прашања.

На средбата се разгледаа сите процедурални аспекти на функционирањето на Собранието и врз таа основа се оставаат на разгледување на парламентарните процедури и, наша заедничка констатација е дека „Парламентарната дебата останува во Собранието помеѓу Пратеничките групи и претставниците на политичките партии и тука треба да продолжи и да се изнајде соодветно процедурално решение за продолжување на работата на Собранието.

Тоа е така затоа што, наша заедничка констатација е дека Собранието е институција на граѓаните и е подеднаква обврска како на пратениците од власта, така и на пратениците од опозицијата, во контекст на учеството во работата на Собранието согласно Деловникот за работа. Со надеж дека ќе продолжиме со редовните и ад хок координации, мислам дека ќе ги најдеме потребните заеднички решенија во корист на граѓаните, за да продолжи со работа Собранието и да ги исполни барањата на граѓаните во контекст на кризата и последиците од кризата врз животот на граѓаните воопшто.

фото: Архива

На почеток