Македонија

Заев за софтверот за сообраќајни прекршоци на Рашковски: Тој е набавен согласно законот за јавни набавки, транспарентно и одговорно

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање на Александар Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ за поврзаноста на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци , рече дека тој е набавен согласно законот за јавни набавки, транспарентно и одговорно.

„Постапката за случајот„Леонардо“ е завршена уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар имаше задача да ги спроведе потпишаните договори од претходната власт. Целата истрага е завршена и комплетирана. Што се однесува до софтверот за сообраќајни прекршоци Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија се обратија до Владата, службите постапија и ги доставија сите информации до нив. Софтверот е набавен регуларно, авторските права се во сопственост на Владата и генералниот секретар има право да прави анализи за министерствата. Софтверот е работен од страна на „ ФИНКИ“ и е оспособен и предаден со изворен код, а создаден е за различни намени. Целосно е функционален и ефикасен и ќе се стави во функција откако ќе се соединат базите на податоци и завршат одредени законски и подзаконски процедури“, рече Заев.

Драги Рашковски повторно стана актуелен деновиве откако излегоа информаци дека набавил софтвер за сообраќајни прекршоци без консултација со надлежното министерство, односно МВР.

фото: Архива

На почеток