Додека денес политичката сцена бруи околу „апаратчињата за фингерпринт“ со кои требало да се оди на избори за да биле легитимни, станува појасно зошто аферата АФИС-и (системи за собирање на отисоци од прсти) со целата сериозност на криминалот и доказите кон пријавата со мое име и презиме стана трн во око на ОЈО за ГОКК кое 7,5 години „работеше“, за да прикрие и да не сработи ништо❗
Наместо да се засрамат СИТЕ од слепилото пред очигледниот организиран криминал и да решат барем еден предмет без местенки, фингирања и пропуштања, СИТЕ решија да молчат кога јавно се прозивани да зборуват за фалсификатите преку кои се испумпуваа буџетски пари на штета на ова наше пусто образование, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.
Ременски во објавата додава:
За да видите што уште не сакале да видат во ОЈО за ГОКК и Гордана Смаќовска на чело на пријавата од 2013 година, покрај ИМИЊАТА НА ФАЛСИФИКАТОРИТЕ И НИВНИОТ ФАЛСИФИКАТ во следните неколку статуси ќе одберам уште неколку очигледни неојавени документи како клучен доказ за злоупотребите❗
Известување за склучен договор за јавна набавка (26.09.2011) во кој ПРЕДМЕТ на договорот за јавна набавка е Опрема на две лабаратории во Македонската радио и Телевизија (❓) и една лабараторија за Факултетот за безбедност Скопје – Лабараторија за криминалистичка регистрација и идентификација (АФИС). Според известувањето три (3) системи ❗
Тогашниот министер за образование и наука Панче Кралев❗, кој ја наследи доктрината за фиктивни јавни набавки од Никола Тодоров❗ склучува ДОГОВОР за набавка на АФИС за Факултетот за безбедност – Скопје со француската фирма MORPHO Safran❗
AФИС системот и договорот е во вредност од 2.469.220,00 евра (чл. 4)❗
Фирмата МОРФО Сафран во (чл.8) Договорот се обврзала АФИС системот најдоцна до 31.05.2012 година да го достави до Факултетот за безбедност – Скопје, а опремата да биде предадена пред Комисија составена од претставници од договорниот орган, носителот на набавката и претставник на факултетот со записник со приемница за примопредавање на опремата на Факултетот за безбедност❗
Во Договорот за АФИС-от за Факултетот за безбедност во член 9 било договорено начинот на плаќањето:
– 35% од вкупната вредност во 2012 година❗
– 35% од вкупната вредност во 2013 година❗
– 30% од вкупната вредност во 2014 година❗
Фирмата го испочитувала рокот од договорот за испорачување на АФИС системот, но НИКОЈ не и кажал дека, АФИС – от го испорачува на погрешна адреса – наместо во Факултетот за безбедност Скопје како што било регулирано во договорот, АФИС – от бил однесен директно во МВР❗❗
Однесен бил таму, затоа што „теренот“ за оваа фиктивна набавка за опрема за факултетот била претходно подготвена со ФАЛСИФИКУВАЊЕ на тендерска документација, злоупотреба на буџетски средства, овластувања и лажно пријавување❗
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3929782243719667&id=100000637902363
Сето тоа без знаење на француската фирма добавувач❗
Во меѓувреме Владата си ги носи фиктивните одлуки со кои сакала „да го легализира криминалот“ со СИТЕ лабаратории за Факултетот за безбедност, не само со АФИС-ите, без да си ги изврши сите плаќања кон француската фирма❗
Откако виделе Французите дека нешто не оди како треба почнале да ситгаат АЛАРМАНТНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА за неисплатени финансиски обврски од договорот директно доставени до МОН до Спиро Ристовски и до Гордана Јанкуловска❗
Откако решиле да им кажат дека АФИС системот е даден на МВР, а не на Факултетот за безбедност француската фирма почнала алармирањата за ненаплатената опрема да ја адресира и до Гордана јанкуловска и до Спиро Ристовски кој ја наследи доктрината за прикривање на фиктивни јавни набавки од Никола Тодоров и Панче Кралев❗
☑За цело време додека овој организиран криминал се одвива, јас до ОЈО за ГОКК во континуитет ги доставувам сите докази за основниот криминал со лабараториите и сите докази за организирано прикривање на трагите од организиран криминал❗
На 11.02.2014 година фирмата се повикува на договорот и од МОН бара да се платат четири (4) фактури доставени на 23.12.2013 година до 27.01.2014 година, со напомена дека ако не се платат ќе престане сервисирањето на системот.
Фактура бр. 66045140 од 36.012,64 евра
Фактура бр. 66045142 од 209.250,60 евра
Фактура бр. 66045143 од 209.250,60 евра
Фактура бр. 66045144 од 314.647,79 евра
На 20.05.2014 година фирмата повторно се повикува на договорот и од МОН бара да се платат две (2) од четирите фактури доставени на 11.02.2014 година до 30.05.2014 година, со напомена дека ако не се платат ќе престане сервисирањето на системот.
Фактура бр. 66045140 од 36.012,64 евра
Фактура бр. 66045144 од 314.647,79 евра
На 20.08.2014 година фирмата повторно се повикува на договорот и од МОН бара да се платат три (3) од четирите фактури доставени на 20.05.2014 година, со жалење дека сите сервисирања на АФИС системот запираат до завршување на плаќањето (АФИС-от во МВР беше надвор од функција).
Фактура бр. 66045140 од 36.012,64 евра
Фактура бр. 66047248 од 209.250,60 евра
Фактура бр. 66045144 од 314.647,79 евра
Откако не добиле никаков одговор на писмата и барањата за плаќање на фактурите согласно договорот од МОН, а дознале за фиктивната набавка и доставата во МВР што на лажни факти ја доставиле во мај 2012 година, француската фирма на 17.10.2014 година до МВР ги испраќа сите претходно пратени писма и фактури до МОН.
Фактура бр. 66045140 од 36.012,64 евра
Фактура бр. 66047248 од 209.250,60 евра
Фактура бр. 66045144 од 314.647,79 евра
Кога Спиро и Гордана на 25.11.2013 година се договориле со меѓусебен добовор „да го покријат криминалот“ заборавиле во договорот да си кажат кој ќе ја плати опремата на фирмата – дали МОН од буџетската потпрограма за опремување на лабаратории или МВР од буџетската сметка без програма за оваа намена.
За да биде поинтересно за јавноста и посрамно за ОЈО за ГОКК, овој статус ќе го завршам со овие фактури и договорот со француската фирма❗
Во следната објава за ова организирано прикривање на организиран криминал ќе објавам: како е водена и евидентирана опремата, за колкава сума е обезвреднета, но и до кои сознанија дошол Државниот завод за ревизија во Извештајот на МОН за 2016 година и дали ОВОЈ ВИД НА КРИМИНАЛ бил само со злоупотреба на Факултетот за безбедност – Скопје или и на други факултети и универзитети во државата❗❗
Да потсетам дека за овој предмет и постапувањето на ЈО Гордана Смаќовска се водат постапки во:
ЈО Скопје КО бр. 4530/20,
ВЈО РО бр.67/21;
Совет на ЈО РО бр. 148/20,
а со истото во контекст на стратегиите за ветинг во ОЈО е запознаен и министерот за правда и државниот ЈО Јовевски❗
Ако после се што напишав до сега и се што е во постапка не излезе некој свесен и одговотен да признае дека вакви срамни факти за криминал постојат, а не се сака да се видат, нема да поштедам никого во барањето одговорност за молкот❗
извор: ФБ Фросина Ременски