Македонија

Мицкоски: Денешните колони на возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев

Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа покажува и колку народот им верува на властите кои најавија вакцини за утре, напиша на својот Фб профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски во објавата додава.
Државата постои за да им служи на граѓаните, само кај нас државата постои за да биде крадена од власта.
Македонија живее полоши години од деведесеттите, стигнавме до таа точка народот сам да се снаоѓа и бори за живот, кога веќе тоа не го прави Владата.
Порака до власта: погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам.
Ова нема да се заборави, одговорност ќе има.

извор: ФБ Христијан Мицкоски

На почеток