Болниците се полнат со ковид-пациенти. Она што е поразлично во овој пик од претходните, според претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, е тоа што сега во земјава е присутен британскиот сој, кој се шири многу побрзо и за пократко време развива тешка клиничка слика. Но, и покрај препораките од надлежните, топлото време ги наполна кафичите, и кафаните. Скопјани уживаат на топлото време.
Инаку и покрај рекордните бројки на заболени и починати во земјава засега останува полицискиот час од 22 до 05 часот како рестриктивни мерка.
Проценките на Комисијата за заразни болести се дека нема потреба од воведување на нови дополнителни мерки бидејќи со нив ништо не би се постигнало за што потврда се соседните држави кои воведоа карантин, но бројот на заболени не се намали.
Во моментот, вирусот е најдоминатен кај оние од 30 до 39 години, каде и има најголема хоспитализација, заедно со категоријата на граѓани над 60 години. Намалена е хоспитализацијата кај граѓаните од 40 до 50 години.