Првата пратка со вакцини „АстраЗенека“ за државава преку Ковакс механизмот пристигна изутринава пред осум часот на Меѓународниот аеродром Скопје.
Најавени се обраќања на министерот за здравство Венко Филипче и делегација со членови на дипломатскиот кор во РМ, преставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН.
Со 24.000 вакцини „АстраЗенека“ се очекува в среда да почне масовната имунизација на населението во државава. Со нив ќе бидат опфатени лицата над 75 години.
„Првите 20.000 граѓани кои ќе бидат имунизирани со оваа пратка вакцини, се хроничноболните и лица над 75-годишна возраст, како ризична група. Вакцинацијата ќе се врши во здравствените домови. Во текот на април се очекува да стигнат преостанатите 76 илјади ‘АстраЗенека’ од ковакс“, кажа Филипче по истоварањето на првата пратка “АстраЗенека“.
Се заблагадори на САД, Германија, Франција, на претставниците на УНИЦЕФ со кои беше оргнизиран преносот и транспортот на овие вакцини.
„Имаме најава дека ќе дојдат и други вакцини до крајот на овој месец. Овие вакцини од ковакс доаѓаат со недели задоцнување, но имајќи во предвид дека сите земји се соочени со овој предизвик, добро е што системот покажа дека функционира. И, добро е што имаме сигнали дека ќе продолжи да функиоцнира на овој начин и ќе имаме информација кога ќе пристигнат вакцините и да продолжи овој континуите“, изјави Филипче.
Во април се очекуваат и вакцините од Кина, за кои министерот кажа дека имунизацијата ќе се врши во спортската сала „Борис Трајковски“.
Овој систем на Обединетите нации снабдува со вакцини 142 земји. Тие се бесплатни.