Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се појави на свадба во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида, и додека наздравуваше со младенците, ја искористи можноста да ги коментира актуелниот претседател Џо Бајден, Кина и Иран.
Saturday Night LIVE!
President Trump crashes wedding and TRASHES Joe Biden's lousy performance
The border is a mess…#BidenBorderCrisis pic.twitter.com/W6uu9M7Xqm
— poetWOAgun (@poetWOAgun) March 29, 2021
На венчавката одржана за време на викендот, тој исто така се осврна на ситуацијата на границата со Мексико и постави уште неколку прашања во врска со претседателските избори во ноември, кои ги загуби, пренесува „Гардијан“.
Trump wanders into Mar-a-Lago wedding reception, proceeds to run through a laundry list of his own personal grievances instead of toasting the happy couple: “Do you miss me yet?” https://t.co/NGBFhDGjzJ
— The Daily Beast (@thedailybeast) March 28, 2021
„ Ги добивам сите овие шокантни извештаи и тие ми раскажуваат за границата, ми кажуваат за Кина, ми кажуваат за Иран“, рече Трамп на видеото објавено од забавната веб-страница ТМЗ.
– Дали веќе ви недостигам? – ги праша присутните Трамп, по што се слушнаа овации.