Македонија

И на 40 починати нема нови мерки: Откажан состанокот на Комисијата за заразни болести

Состанокот на Комисијата за заразни болести на кој денеска требаше да се одлучи дали ќе се воведуваат нови рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот е одложен.

Во меѓувреме продолжуваат подготовките за имунаизацијата со вакцините на „АстраЗнека“ кои завчера пристигнаа преку КОВАКС механизмот. Вакцинирањето на граѓани над 75 години, по претходно закажување и консултација со матичен лекар, почнува утре, во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, ќе бидат вакцинирани 20.000 граѓани, а втората доза ќе им биде дадена за 3 месеци.

Министерот најави дека кон средината на април треба да стигнат уште 76.000 дози од „Астра Зенека“ преку КОВАКС механимот.

На почеток