Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека не идентификувала ниеден ризичен фактор кој би се поврзал со случаите на тромбоза кои наводно се случиле по давањето на вакцината на „АстраЗенека“.
Компанијата се огласи откако неколку земји, вклучувајќи ги Канада, Германија, Франција и Шпанија, кажаа дека ќе ја ограничат нејзината употреба на одредена популација, како постари луѓе и суштински работници.
„Придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците. Врската помеѓу вакцината и ризикот на тромбоза не е докажана, но е можна и продолжуваме со анализите“, соопшти ЕМА.