Поевтино беше да одиме со хеликоптер отколку да патувам со автомобил, истакна во вечерашното интервју на Канал 5 премиерот Зоран Заев, на прашањето зошто тој со министерот за здравство Венко Филипче леташе од Скопје до Прилеп.
– Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери. Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби, истакна Заев.
фото: Архива