Сите држави вакцинираат, само кај нас властите 2 дена симулираат вакцинирање.
Симулираат!!! Планирале они, замислете!!! Симулираат вакцинирање!!!
Додека вие викендов симулирате наместо да вакцинирате, ќе имаме над 3.000 нови заболени за цел викенд. Може да планираат луѓе што имаат план и памет, а не криминалци што им се важни само милионите.
Фатете се за работа, не туку глумете по телевизии дека кој знае што правите денес во СЦБТ.
Кловнови сте од прв до последен. Кловнови со милиони, напиша на својот Фб профил портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димитар Арсовски.
извор: ФБ Димитар Арсовски