Воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, денеска околу 11:40 часот во Велес, пред новиот мост „Гемиџии“ прегазил 21-годишно момче, потврдуваат од СВР Велес.
Од Службата за итна медицинска помош, информираат дека биле повикани на местото на настанот во 11:40 минути и за жал само констатирале смрт кај 21-годишното момче Т.И од Велес.
Според првичните сомневања од очевидци прегазеното момче само се фрлило и си го одзело животот.
фото: Архива