Коментари

Димитров за драматичното спасување во Кратово: Во државава треба да се забрани фразата „не сме надлежни“

Фрапиран сум од оваа ноншалантна демонстрација на префрлање на одговорност. Мислам дека во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни.

Јас како носител на јавна должност, јас како граѓанин, јас како човек… јас самиот чувствувам одговорност за оваа поразителна слика.

Ова не смее да биде сликата за нашата Македонија, вели вицепремиерот Никола Димитров испровоциран од како што вели трогателната приказна за која вчера раскажа докторот Павле Зафиров. Станува збор за несекојдневна случка, во која за жал се огледаат навистина навиките секоја од институциите, поединците поставени да помагаат да креваат раменици во државава

Димитров вели дека сосем случајно го прочитал тој пост во кој се сведочи за повеќечасовна битка да се спаси човечки живот, да му се помогне на повреден овчар во завеан планински предел крај Кратово, битка во којашто повиканите институции не се одзвале да помогнат.
„Според ова сведоштво, Центарот за управување со кризи не бил надлежен, Противпожарната единица не можела да помогне, Општината не била достапна, оставајќи го овој млад лекар заедно со медицински техничар и шофер и неколку роднини на повредениот (вклучително неговата 90 годишна мајка) 5 часа на раце да го носат овчарот во импровизирано носило низ козји патеки. Фрапиран сум од оваа ноншалантна демонстрација на префрлање на одговорност. Мислам дека во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни.

Јас како носител на јавна должност, јас како граѓанин, јас како човек… јас самиот чувствувам одговорност за оваа поразителна слика.
Ова не смее да биде сликата за нашата Македонија.

Сите директно повикани, но и сите ние како јавни функционери, сме должни да притискаме и да се бориме за како што и самиот Зафиров вели – да се постават правила, принципи и стандарди.
Итно е потребна ревизија на процедурите во вакви случаи, строго делегирање на надлежности и се разбира одговорност.

Правилото мора да биде како да се реши проблемот, наместо како да се најде оправдување за да не се делува.

Капа долу за пожртвуваноста, професионалноста и неверојатната големина на човечката душа што овие луѓе ја покажале во време кога токму солидарноста и емпатијата се на најсилен тест, напишал Димитров на фесбук.
Сепак во коментарите и под неговиот пост се алудира дека одговорноста е на сите, особено на актуелното државно раководство.

извор: ФБ Никола Димитров

На почеток