Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, до 19 април ги продолжи авионските упатства, според кои за сите пристигнувања во земјата, задолжителен e негативен ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето, како и седумдневен карантин, со исклучок на државјаните на Израел кои имаат сертификат за вакцинација. Авио упатствата се однесуваат на сите пристигнувања од странство, вклучително и од земјите- членки на ЕУ, а продолжена е и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји.
Државјаните на Израел кои ги примиле двете дози од вакцината 14 дена пред патувањето и имаат сертификат на англиски јазик се ослободени од седумдневниот карантин.
Согласно упатствата што се во сила од денеска, за руските државјани, летовите се само кон Солун, Атина и Ираклио на Крит, а дозволено е пристигнување на најмногу 4.000 лица седмично.
Извор/фото:Агенции