Скопје

Сопственикот на галијата што се руши: Галијата незаконски се урива, Град Скопје нема никакво побарување кон нас

Граѓаните треба да знаат дека „Бродот на среќата“ е сто проценти приватна инвестиција. Инвеститорот е бугарски граѓаанин, кој во овој брод инвестираше над 1.200.000 евра, рече денеска сопственикот на бродот, Жарко Миленковски управител на бродот.

-Град Скопје нема никакво побарување кон нас, односно немаме никаков долг. Плаќаме по 1.000 евра месечно за концесија и што е најважно, се уште не е укината дозволата за поставување на урбана опрема, што значи дека правниот акт врз кој е поставен овој брод се уште постои и е во сила. Во тек се два судски предмети, а за едниот утринава беше одржано и рочиште. Не може да се руши со сила додека нема судска одлука.Поминаа времињата кога се рушеше со сила, без судска одлука. Ова е срам за Македонија. Се руши опрема вредна 1.200.000 евра и тоа без судска одлука, а имаме многу примери кога времени мерки се носелеза нерушење на многу помали објекти. Ова е странска инвестиција. Бараме од Градот да не ја нарушува довербата на странските инвеститори со ваквите потези, вели Миленковски.

Тој објаснува дека за време на пандемијата пратиле неколку барање до Градот за да им се овозможи да продолжат да работат што е согласно со членот 9 од Законот за работа, но не добиле никаков одговор, туку решение за раскинување на догововрот.

 

фото: Жарко Миленкоски

На почеток