Македонија

Претреси до домот, но и во фирмата од која Рашковски го купи софтверот за сообраќајни прекршоци

Заврши претресот од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во фирмата поврзана со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски „Инвоука Гроуп“ во врска со набавениот софтвер за сообраќајни прекршоци.

Инаку, се работи за софтвер во вредност од 81 илјади евра, а набавен е за потребите на Министерството за внатрешни работи од каде пак посочија дека не им е потребен.

Претрес се вршеше и во домот на Рашковски.

– Во рамките на предметот што ОЈО ГОКК го отвори во врска со сообраќајниот софтвер, по наредба на надлежен јавен обвинител денеска од страна на истражителите ид Истражниот центар на ОЈО ГОКК беше извршен претрес во Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока гроуп“ ДООЕЛ Скопје и во домот на сопственикот – информира Обвинителството.

Постапка за овој случај водат и во Антикорупциската комисија.

Опозицијата го обвини Рашковски дека е вмешан и во тендерска афера за набавка на радарски систем за летање за потребите на Македонска навигација (М-НАВ), откако беше објавен аудиоразговор со транскрипт во јавноста.

фото: Архива

На почеток