Свет

(ВИДЕО) Драма на обиколницата кај Белград: Се преврте воен камион со три ракети, една испадна на патот

Сообраќајот на дел од белградската обиколница во правец кон Остружница е во прекин откако воен камион излета од патот и се превртел. Од камионот испаднала една ракета.

Камионот превезувал три ракети на против-воздушнот оклопен систем „Панцир С1“ со боеви глави, а екипажот одел на вежба.

Тројца војници, кои биле во возилото, побарале медицинска помош поради здобиените повреди. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и излетал од патот, а камионот буквално се превртел преку патните ленти.

Српското Министерство за одбрана потврди дека несреќата се случила утрово и дека во тек е увид на местото на настанот.

Видео и фото: Курир.рс

На почеток