Македонија

Телма: Баба Солунка неможе да добие нега од друго лице ни по три судски одлуки

Ова е лелекот на 83-годишната Солунка Алексовска од село Текија, скопско, кој не го слушаат надлежните социјални служби. Врзана за кревет повеќе од една година откако ги скршила двата колка, во медицинското досие и се запишани и изразена остеопороза и артритични деформитети, изразена сколиоза на р’бетот, ротација на пршлените и други деформитети. Но се ова никако да ја увери Стручната лекарска комисија дека Солунка не може сама да се грижи за себе и оти и е потребна нега од друго лице, објави Телма.

Борбата за правото на Солунка за надомест за нега од друго лице ја почнал нејзиниот син Љубе во 2014 година, кога таа седум години помлада од денес, веќе се движела со штаки, а потоа и со инвалидска количка, а кога по една година примање додаток за нега од друго лице, Центарот за социјални работи Гази Баба, и го укинало тоа право. По смртта на Љубе битките со системот за социјални грижи ги продолжил внукот Бојан, кој живее сам со неа, а на помош во грижата за Солунка му доаѓа неговата сестра Елена. Но додека се тие на работа Солунка останува сама во малата полуподрумска соба.

„Ме гледаат, но што ќе гледаат. Одат на работа, доаѓаат. Едвај ги дочекувам да ем видат“, вели таа.

Текстот во целост на:  Телма.

фото: Телма

На почеток