Македонија

Началник од СВР Штип уапсен за шверц на мигранти

Судија на претходна постапка од организиран криминал одлучува за барањето за притвор на 17 уапсени членови на група за шверц на мигранти од Авганистан, Ирак, Бангладеш, Пакистан и други држави. Вкупно се осомничени 21 лице.

Јавното обвинителство за организиран криминал соопшти дека меѓу уапсените има и полициски началник. Според извори од судот, се работи за началникот на СВР Штип, кој бил известувачот на групата каде има полициски патроли на патиштата, за шверцерите да го менуваат правецот и да не ги фатат комбињата со мигранти, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

Оваа група била поврзана со криминална група од Грција, која им ги предавала мигрантите на овдешните шверцери на луѓе, меѓу кои и деца, преку т.н. зелена граница.

Криминалната група, за сума од 150 до 300 евра по мигрант, ги пренесувала преку различни места за средба, се до кумановско – липковскиот регион, селата Ваксинце и Лојане, па оттаму кон територијата на Република Србија и државите на Европската Унија. Интересно е што досега многу пати полицијата ги има лоцирано овие куќи во Лојане и Ваксинце, вработени кај Народниот правобранител исто така, но шверцот на мигранти со крајна станица во овие северни села, пред напуштањето на Македонија, не се уништува.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.

На почеток