Свет

(ВИДЕО) Во Лос Анџелес мајка си ги искасапила трите деца

Во куќа во Лос Анџелес пронајдени се телата на три мали деца, а полицијата ја уапси нивната мајка како едниствена осомничена за убиствата. Приведената Лилиана Кариљо наводно ги избодела трите деца од кои најмалото имало само шест месеци, а најголемото имало три години.

Телата на децата ги пронашала нивната баба.

„Овие слики цел живот ти остануваат во меморјата. Како полицаец, многу ми е тешко да го сфатам ова што го видов“ – им изјави на медиумите еден од полицајците кои работат на случајот.

По иницијалната вест за стравичниот случај, мајката била забележана како краде авотмобиил, но набрзо е фатена. Засега не е познат мотивот за ова злодело.

Фото: CBS Los Angeles

 

На почеток