Македонија

Притвор на сите шест уапсени лица во акцијата на МВР и ДЕА

Судија на претходна постапка им одреди притвор на сите шест уапсени лица во големата акција на МВР и Американската агенција за борба против наркотици -ДЕА. Информацијата за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Шестемина вчера беа донесени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје. На сите им е одредена мерка притвор од по 30 дена поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и уништување докази.

Меѓу притворените се и осомничените организатори на групата Д. Ј. од Струмица и А. У. од Скопје, a кој бил пријател со командирот на Полициска станица Прилеп Кире Спиркоски од времето кога биле во специјалната единица на АРМ „Волци“.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

На почеток