Хрватска повторно е зафатена од снежна бура, поради што беа затворени сите патишта за камиони со приколки и трактори од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно.
Како што јавуваат тамошните медиуми, поради орканот, сообраќајот на Јадранската магистрала беше затворен за сите возила.
За денес е најавен метеоролошки аларм за цела Хрватска, освен за истокот на земјата.
Прогласено е највисоко, црвено ниво на предупредување за областа под Велебит каде се можни налети на бура до 150 км на час.
Ова е втор априлски снег кој создаде хаос во сообраќајот Хрватска.
фото:Mondo