Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски кажа дека оставка треба да си поднесе цела влада додека Рашковски треба да е во затвор.
Мицкоски рече дека не е возможно службеник како Рашковски со неколку стотици евра плата да гради хациенди од илјадници метри квадратни, да вози луксузни автомобили од по осумдесет илјади евра и да летува по монденски места.
Оставка треба да си поднесе цела криминална влада не треба Рашковски да си поднесе. Рашковски одамна треба да биде таму каде што припаѓа а тоа е во затвор. Не може службеник со плата од неколку стотици евра или професор на факултет да поседува и да гради хациенди со по илјадници метри квадратни, да летува и да дезертира во ек на пандемија таму каде што беше и да ни кажува дека биле евтини аранжманите, да се вози со нови џипови од 70, 80 илјади евра ако се негови не знам така излезе информација по медиумите, дополни Мицкоски.
Дополнително претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски потенцираше дека оставката на Рашковски е прв морален чин кој што требало да се случи и поодамна но и дека ова треба да продолжи во континуитет и со владата.
Мицкоски вели дека ако блиските соработници на Заев стократно го зголемуваат своето богатство тогаш само прашање е што се случува со другите односно со оние кои што се во првите редови на власта.
Ако сето ова се потврди како точно ова е уште еден срам и блам на оваа влада бидејќи лицето кое што до вчера беше еден од најблиските соработници на Зоран Заев може да замислите што прави тој ако овој вака неколкукратни го зголемува неколку стократно го зголемил своето богатство тогаш кој знае што се случува со овие другите. Срамота. Срамота е ова што се случува и оставката е би рекол прв морален чин да се случи нешто иако порано требаше да се случи, но ова треба да продолжи во континуитет и со владата. Она кое што можам да го кажам еве и како еден колега се срамам што вакви луѓе воопшто се мои колеги од универзитетот иако сме на различни факултети, заврши Мицкоски.
фото: Архива