Македонија

Српските туристи поради донациите на вакцини, во Дојран ќе добијат попусти и бесплатен паркинг

Градоначалникот на Дојран Анго Ангов и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко-угостителските објекти и бесплатен паркинг.

Овој гест следува како одговор на донациите во вакцини кои ги добивме од Србија.

„Целта е со овој гест да возвратиме на хуманоста и солидарноста од Србија,но и да им помогнеме на домашните туристички работници кои периодов се во криза како и со олеснувањата да дадеме придонес српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација“, велат во заедничка изјава  Ангов и Јаневски.

фото: Архива

На почеток