Македонија

Уште едно лице им подлегна на повpeдите по сообраќајката кај Маврово, останатите двајца се бopaт за живот

Едно од повредените лица во страшната сообраќајка кај Маврово им подлегна на повредите. Денеска почина 34- годишниот Г.Т., додека други две лица се борат за живот.

Претходно, на лице место животот за загуби едно лице.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски тогаш информираше дека во несреќата учествувале автомобил „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управуван од 68-годишниот А.Ѓ. од Скопје и товарно возило влекач „ман“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од 52-годишниот Љ.Д. од Панчево.

-Во несреќата возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројцата сопатници од истото возило М.Р.(26), Ј.Т.(30) и Г.Т.(34) биле пренесени во Скопје за укажување на лекарска помош, информираше Јосифоски.

 

На почеток