Македонија

Заев за Рашковски: Нема недопирливи, но никој не е виновен додека за него не се докаже вина – вие го осудивте во моментов

Во однос на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, премиерот Заев вели дека нема недопирливи, но презумпцијата на невиност важи за сите.

Тој вели дека никој не може да се осуди додека за него не се докаже вина.

„ Само уште еднаш се потврдува за граѓаните дека нема недопирливи пред законот. Законот важи за сите, институциите си ја вршат својата работа, нема недопирливи ни од власта ни од опозицијата. Како што можам отворено да потврдам дека никој не е виновен додека не му се докаже вината, тоа бил став, секој пат. Пресумпцијата на невиност треба да ја почитуваме. Уште еднаш можам да посочам дека генерален секретар, Мухамед Зекири ги доставил сите податоци за јавната набавка, до доказите за тестирање на системот, до неговата употребливост и слично, како е завршена. Секако пресумпцијата на невиност ја почитувам, бидејќи тоа треба така да биде. Не може никој да го осудиме додека тоа не се докаже“, рече Заев.

На прашање зошто Владата нема контролен механизам што прави генералниот секретар на Владата, бидејќи сега Обвинителството излезе со информации дека ексгенералниот секретар местел тендер пред очите на премиерот, Заев одговори: „Вие го осудивте во моментов“.

„ Имате право на сопствено мислење и став. Никој не е виновен додека не се докаже вината. Јавната набавка е спроведена согласно законот за влада, согласно деловникот за работа на Владата. Со Владата управува генерален секретаријат, генерален секретар. Владата набавувала еден куп системи, студии, анализи преку генерален секретаријат. Спроведена е постапката согласно законот, од тоа што јас го видов. Ако е докаже спротивно, ќе се докаже дека истражните органи имале поинакво гледање, а на крајот судот ќе пресече. Пресудата е неприкосновената вистина. Тоа што го знам, е според закон и деловник. Имаме 160 жртви од сообраќајни несреќи, целта е да ги преполови, ако може и да ги нема. Имаме повеќе од 3200 лица со индивалидетет. Имаме анализи дека државата губи повеќе од 2300 милиони евра. Немаме софтвер на Рашковски. Рашковски патентирал систем, софтверот е направен од ФИНКИ и другата фирма, на тендер, согласно буџетот. Апсолутно е спроведена постапката согласно закон“, рече Заев.

фото: Архива

На почеток