Македонија

Утре седница ќе има, ако нема потребно мнозинство за кворум и за гласање, СДСМ ќе ги донеси во скафандери колегите кои се во изолација

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 14 часот ја закажа 32. седница со 21 точка, меѓу кои и Националната стратегија за борба против корупцијата. По неа ќе се одржи 36. седница, на која треба биде изгласан петтиот пакет економски мерки за да може фирмите на своите работници да им исплатат плати.

Неофицијално, утре едната пратеничка од СДСМ излегува од изолација, објави СДК.МК.

„Ако не сакаат Алијанса за Албанците/Алтернатива да дојдат утре за кворум и за гласање, останува опцијата да се донесат во скафандери колегите кои се во изолација”, велат пратеници од владејачкото мнозинство.

Извор:  СДК.МК.

На почеток