Македонија

Филипче: По трансплантацијата на срцето, младиот Иле се чувствува добро

Министерот Венко Филипче, по трансплантацијата на срце од починат донор,  Изнесе детали за зафатото но и за пациентот кој го доби срцето од починат донор.

„Беше одлучено трансплантација да се изврши на младиот пациент Иле Стрезовски. Кај него срцето слабо пумпа, и единствен спас беше трансплантација. Тимовите кои работеа на трансплантација, беа предводени од д-р Сашко Јовев и д-р Жан Митрев.

Младиот Иле е добар, се чувствува добро, сите параметри се добри, и се надевам дека успешно ќе закрепне.

Доктор Сашко Јовев рече дека немало друг избор, освен трансплантација на лицето.

„Операцијата е успешна, пациентот се чувствува добро. Соработка со тимот на д-р Жан Митрев по вторпат се покажува успешна. На младото лице не му преостануваше многу за живот, и немавме друг избор. Во ова прилог да оддадам посебна благордарност на семејството на дарителот, и да ги поттикнеме граѓаните дека ова е вистинскиот пат да се помогне некому“, рече Јовев.

д-р Жан Митрев пак  истакна дека откако се укажала прилика да се направи трансплантација, тој со тимот пристапиле кон оваа акција, која  успешно се заврши.

„Помина се во најдобар ред, активно учествуваа д-р Христов, директно во трансплантацијата и д-р Јовев, јас бев во улога на асистент, и сето тоа помина во најдобар ред. Во оваа тешка година во која сме соочени со страшна пандемија, и се бориме со најтешко болни пациенти, и не ги забораваме болните од друга патологија. Продолжуваме и понатаму и се надевам дека многу други кои чекаат на листа, ќе добијат ваква шанса“, рече Митрев.

На почеток