Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против три лица, две од Охрид на 59 годишна воздраст и 47 и едно лице од Струга на 51 годишна воздраст, како и против правно лице со седиште во Охрид.
Првопријавениот, иако знаел дека неговата катарстарска парцела во населбата „Далјан“ во близина на Охридското езеро, сеуште не е запишана во Агенцијата за катастар на недвижности на негово име, со намера да ја прошири парцелата, ги ангажирал второ и трето пријавените-вработени во правниот субјект од Охрид и, побарал дотур на земја, камен и крупен градежен шут на брегот и во водите на Охридското Езеро.
Истите, извршиле дотур на земја и камен со што, ја прошириле парцелата на 900 метри квадратни навлегувајќи и во водите на Охридското езеро.
фото: Архива