Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев му кажа на Џафери дека дозволил со влегувањето на заболени пратеници од коронавирус во Собранието, сите да одат во карантин. Според Апасиев, пратениците ќе одат во затвор поради тоа што заболени дошле во Собранието.
„До сега правевте театар, сега направивте кривично дело. Според одлуката на Владата, се предвидува карантин за секој заболен од Ковид-19. Денес имаме двајца пратеници донесени спротивно на членот на 11 од оваа одлука. Ова е кривично дело, од кој не штити пратеничкиот имунитет. Први ќе одите во затвор, да не сум ви во кожа кога ќе падне режимот“, рече Апасиев.
„Вие дозволивте да има опасност цело Собрание да оди во карантин“, му рече Апасиев на Џафери.