Коментари

На пратеничката во скафандер сите и се криви: Распали по сите, одговори на прозивките

По низата кометари и прозивки на својот ФБ профил се огласи и пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, која денеска со скафандер влезе во собранието за да гласа.

Во продолжение ја пренесуваме објавата на пратеничката во целост:

Ооооооо ботови партиски, следбеници, обожаватели, вљубеници, фанатици и слични својства на обожување кон ликот и делото на ВМРО ДПМНЕ, Левица, рекетари, “новинари”, “ лечени” новинари, луѓе кои дома немаат друга работа освен да колнат, псујат и да ми ја мешаат фамилијата, универзитетски професори од кои се очекува да се залагаат за вистината а не да бидат први кои ќе ги допотпалат огнот и разно разни “експерти” кои не го владеат MS Word :не ме думајте дотолку, јас сум супер! До клетвата да напишевте со помин, можеби ама МОЖЕБИ ќе ви се поништеше клетвата… сега веќе доцна е…
Ама ако…се ќе издржам, и да ме колните и да ми пишите дека ќе одам затвор, и дека “готова сум”! А најсочните коментари ќе си ги задржам за себе, за да еден ден се потсетам каква никогаш не смеам да бидам! Ни под разно!
Вие од зад граница- со вас ќе дебатирам кога ќе се вратите тука, ДОМА, ќе плаќате данок како мене, ќе плаќате сметки, САМИ ќе си ги подмирувате трошоците и ќе гледате фамилија ТУКАААА!
Јас денес, по советување со инфектолог, одчучив дека треба да одам да гласам за да се ослободи петтиот пакет мерки од рацете на тие кои се корзираат до ск а не влегуваат на работа! И во овие 8 месеци како пратеник се прашував: како е можно ДОБРОВОЛНО да прифатиш да си народен пратеник а да не сакаш да функционира институцијата каде си избран од народот?!?? За кој?? За доброто на граѓаните!!! Како е можно да се блокира работата заради БОЛНИ пратеници?? Значи, не дека некој од хир не доаѓал, туку од болест!!!
Апелирам- едноставно- да не се лажи безобразно!!! Ниту со колегата шетавме низ собрание ниту бевме таму за кафе! Во собрание се работи, не се оди за кафе и шетање! ГТЦ е во близина, кој сака да шета нека изволи! Да не ве лаже колегата Мицевски, не шетавме низ собрание а најмалку изложивме бекој колега од службите или колега пратеник! Без гајле, помина времето кога пратениците меѓу себе не си веруваа и си штетеа еден на друг!
Упатете ги вашите отрови кај пратениците кои во еден месец се на работа не повеќе од 15 минути! Тие некако не ви сметаат дека ви ги јадат парите за Џ?!?!?
Еден збор за колешките пратенички од опозицијата: наместо да мудрувате на социјалните мрежи, можевте да застанете на страната на граѓаните и да гласате! Наместо да ми попувате месеци уназад дека треба ние жените да се издигнеме над партијата, вие останувате заробени во инаетот, суетата и партиските парадигми!
Ниту еден безобразен збор, клетва, “добронамерна” желба нема да ме поколеба да го работам она за што сум избрана- помош за граѓаните!!!!! Џабе ви е секој лош збор кон мене! Или ајде вака: и на главче!!
П.с. Некако не колневте кога Грујо and co. фрлаа пратеници од собрание за да се изгласа Скопје 2014???? Дека “ немавме за леб а трошевме за чоколадо”?!
Ако ако и пак ако!!! Застанувам на страната на граѓаните сега и секогаш!!!
И за крај, следете ми го профилот како денес, ќе се запознаете со сите мерки кои ги пружа Владата за помош на граѓаните!

извор: ФБ Бисера Костадиновска Стојчевска

На почеток