Македонија

Остануваат рестрикциите, неофицијално, позната одлуката на Комисијата за заразни болести

Рестриктивните мерки треба да останат во сила уште една недела, а непосредно пред празникот Велигден е неофицијалниот заклучок на Комисијата за заразни болести, пренесен од дел од медиумите. Ова значи дека угостителите ќе останат затворени, но, и полицискиот час ќе остане во сила. Ова значи дека наредниот понеделник, повторно ќе има состанок на Комисијата, на која одново не се исклучува претпразнично заострување на мерките или пак, да се олабават мерките со намалување на полицискиот час.

За предложените рестриктивни мерки, ќе треба да одлучува Владата на седница, а откако ќе ги изгласа, стапуваат на сила.

фото: Архива

На почеток