Македонија

ФОКУС: Семејствата на Верица и Иле стапија во контакт – Изгубив сестра, но добив брат!

Семејството на 20-годишната Верица Белчовска од Берово, чие срце сега чука во градите на младиот Иле Стрезовски од Брвеница, и семејството на Иле, стапиле во контакт. Цветко, таткото на Иле за ,,Фокус” вели дека телефонски разговарал со Мартин, братот на Верче, и целата фамилија не може да се совземе од емоциите. Болка, неизвесност, страв, благодарност, се соочувале со помешани чувства, но како што вели, над се преовладувала огромната благодарност кон хуманата фамилија Белчовски, чиј гест му дал нова шанса на Иле, но и на многу други луѓе.

-Се слушнавме со братот на Верче телефонски. Изгубив сестра, но добив брат, ми рече. Со таа реченица е кажано се, нашата благодарност не може да се опише со зборови, сите ние се уште сме како во сон, полека започнуваме да сфаќаме што навистина се случи.

Иле е во добра состојба, започнал да јаде, разговарале… Вели дека дома сите со нетрпение чекаат да заврши хоспитализацијата и тој да си дојде за да биде со семејството.

Ги благословуваме фамилијата Белчовски, целиот медицински тим, министерот за здравство Венко Филипче, но исто така сме преблагодарни на целата јавност која ни даваше поддршка. Сите добри луѓе кои барем за момент се ставија во наша положба, кои со искрени емоции ни посакаа здравје – вели Цветко.

Текстот во целост на: ,,Фокус”

фото: „Фокус”

На почеток