Македонија

Од срцев удар почина таткото на младиот Бобан кој загина во несреќата кај Ласкарци

Од срцев удар почина Митко Аврамоски, татко на младиот Бобан Аврамоски кој загина во несреќата кај Ласкарци што се случи во февруари 2019 година.

Митко, кој се бореше за правда и беше еден од најгласните од семејствата на жртвите од несреќата, не издржа да го дочека утрешното рочиште за случајот „Ласкарци“.

Тој беше вработен во МВР-Гостивар, а младиот Бобан беше неговото единствено дете.

Митко почина на 55-годишна возраст.

На почеток