Ова проектот во Грац, Австрија, а ова во центарот на Скопје. Украден проект или совпаѓање на идеи?
Планот за изградба на објектите кај „Холидеј ин“ е идентичен со идејата на Томас Пухер за кој светскиот архитект веќе имал добиено награда токму за тој проект. Го прашавме архитектот на објектите Мартин Пановски дали овој план е пресликан од тој на Пухер, но тој ја отфрла таквата можност, објави mk.tv21.tv.
Трите згради кај Холидеј ин сепак се на само една парцела од просторот на паркингот, додека на другите две парцели во ДУП-от се заведени да се градат 60-катници.
Но, засега останува неизвесно дали Советот на Општина Центар ќе поведе расправа за суспензија на планот на изградбата на висококатниците спроти Холидеј Ин.
Текстот во целост на: mk.tv21.tv.