На местото Кадино Врело во БиХ дошло до пукање за време на корона-забава. Според порталот „Кликс“, еден од присутните на забавата бил славеник, а се прославувал неговиот 18. роденден.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи може да се види забавата и музиката во живо, сè додека во еден момент во просторијата не влезе млад човек во црна облека и извика: „Исклучете ја музиката“.
Во рацете има и митралез, а веднаш по влегувањето во просторијата започнува да пука. Тука завршува снимката.
Сараевскиот портал пренесува и дека од полицијата потврдиле оти човекот е уапсен и дека никој не е повреден во инцидентот.