Македонија

(ВИДЕО) Кој пее зло не мисли! Македонци правеле свадба, полицијата дошла поради гласна музика, но се фатила на оро!

Кој пее зло не мисли! Несекојдневен настан во Австралија. На социјалната мрежа ФБ на профилот „Сиднеј Мацедониан”,се појави видео на кое се гледа како полицајци играат македонско оро на свадба.

Имено, македонци во Канбера правеле свадба, а кога соседите повикале полиција поради гласната музика, гостите ги фатиле на оро полициските службеници.

На крај на видеото, полицајците заминуваат со ракоплескање. Инаку, во Австралија по долгите карантини и ригорозните мерки за заштита од вирусот, изминатиот период се олеснети рестрикциите.

видео: ФБ „Сиднеј Мацедониан”

На почеток