Македонија

ПЦР-тестовите за странските туристи ќе ги плаќа државата

За да не биде дополнителен товар за потенцијалните туристи, ние соодветно ќе надоместиме ПЦР-тестовите да бидат направени од наша страна, односно, туристите кои што ќе ја посетат нашата земја да немаат дополнителен трошок, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на која беше претставен шестиот пакет мерки.

– Тоа ќе се направи во соработка со Институт за јавно здравје, Фондот за здравство и Министерство за здравство, затоа што сметаме дека само кредибилни и јавни институции можат да спроведат ПЦР-тестирање на ваков начин и во толку голем обем, како што имаме предвидено, дополни вицепремиерот.

фото: Архива

 

На почеток