Свет

(ВИДЕО) Во супермаркет во Лонг Ајленд, едно лице е убиено, а две се ранети – полицијата трага по напаѓачот

Едно лице е убиено, а две се ранети во супермаркет во Лонг Ајленд, кога напаѓач отворил оган, соопшти полицијата. Според медиумите напаѓачот избегал од местото на злосторството.

Се претпоставува дека осомничениот по пукањето влегол во автобус и побегнал во непознат правец, но според последното полициско соопштение полицијата го знае идентитетот на напаѓачот.

 

Се работи за 30-годишниот Габриел Двајт Вилсон, кој носи црна облека и се претпоставува дека е вооружен и опасен.

На почеток