На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како 12 годишно девојче од Велес е физички нападнато во центарот на градот од својата врсничка. Додека бара помош и ја моли својата мајка по телефон да и каже да не биде малтретирана и тепана врсничката брутално ја напаѓа и ја тепа на земја пред останатите девојки кои наместо да и помогнат, снимаат со телефон и се смеат при што го поддржуваат насилствотото врз ова беспомошно девојче, објави veles365.com.
извор: veles365.com.