Црногорската полиција соопшти дека, синоќа во Котор биле уапсени повеќе лица, а меѓу нив, наводно и водачот на Кавачкиот криминален клан, Слободан Кашчелан, неговиот телохранител Владимир Вучковиќ и Милош Радоњиќ и Крсто Марош од Котор.
Službenici @PolicijaCG preduzimaju planske aktivnosti usmjerene prema kriminalnim grupama.
Uhapšeno više lica.
Aktivnosti su u toku.@VladaCG pic.twitter.com/6EJcPM4nyz— Uprava policije Crne Gore (@PolicijaCG) April 21, 2021
Српскиот портал „Блиц“ пред неколку месеци објави дека Кавачкиот калн во последните неколку години ја презел главната улога во црногорското, но и во српското подземје.
Покрај нив, инспекторите од Секторот за борба против криминал уапсиле уште три лица, а се бараат уште неколку членови и организатори на криминалната група, пишува порталот „Вијести.ме“.
Кашчелан се сомничи за организирање на криминална група која извршила и планирала повеќе тешки кривични дела, за што се предвидува казна затвор и до 40 години.
фото: Alo.rs