Македонија

Еден месец дена нема ни трага ни глас од исчезнатиот Ислам Лумани

Еден месец солзите на семејството Лумани од преспанско Крани никако да престанат. Нивниот 27 годишен син Ислам, на 21 март исчезнал без никаква трага. Паркираниот автомобил и трагите од неговите чевли се пронајдени во кампот Крани во близина на езерото. Од тој ден жителите, полицијата и професионалните нуркачи се во потрага без прекин, но нема никаков резултат, објави ТВ 21.

Таткото на Ислам низ солзи апелира доколку некој го види или доколку Ислам го следи овој прилог, да се јави и да каже дека е добро.

Жителите на Крани, кои се во потрага по него секој ден во планините, езерото и полиња, се уште не се навикнати дека го нема Ислам. Велат дека нема да запрат додека не го пронајдат.

ТВ21 контактираше и со Обвинителството во Преспа. Оттаму ни беше кажано дека работат на овој случај и дека досега нема никакви индиции дека се рабити за убиство.

извор: ТВ 21

На почеток