Медиасет

(ВИДЕО) Скопје е првиот град на балканот кој го воведува БРТ- системот

Следејќи ги светските трендови и користејќи ефективни решенија од метрополи со слични сообраќајни проблеми, го воведуваме БРТ (Bus Rapid Transit) во Скопје.

Она што на нашиот главен град веќе со децении му недостасуваше е сообраќајно решение кое ќе придонесе за намалување на градските метежи, чекањето на семафори и загадувањето кое произлегува од згуснатиот автомобилски сообраќај. Овој модерен и брз систем ќе овозможи траса која ќе биде физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот, со што и самиот транспорт на патниците ќе биде максимално ефикасен и побрз, овозможувајќи им да стигнат од едниот до другиот крај на Скопје за само 35 минути.

Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот согласно со условите кои ги овозможува денешно Скопје. Горди сме што Скопје е првиот град на Балканот кој ќе воведе БРТ систем, што не е само успех за градот, туку е успех и за целата наша држава. Скопје добива брз, безбеден и одржлив јавен транспорт кој ќе биде доволно атрактивен и ќе овозможи директно намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа индиректно ќе се намали и аерозагадувањето во делот на сообраќајот. Подигнувањето на брзината и достапноста на јавниот транспорт несомнено ќе значи и зголемување на бројот на патници кои го користат јавниот транспорт во Скопје. Исто така, во рамките на ЕБРД, овој проект е заведен како зелен проект, се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, во која Скопје е член од 2019 година.

Дополнително, БРТ системот претставува и еколошка алтернатива за транспорт, со што позитивно ќе влијае на намалување на аерозагадувањето, а најважно од сѐ, реализацијата на целиот проект изнесува околу 70 милиони евра, што претставува една десетина од вкупната сума од 700 милиони евра потрошена на Скопје 2014.

видео: Град Скопје

На почеток