Македонија

Рашковски го носат во затворот во Шутка, таму ќе остане 30 дена

Кривичниот совет ја преиначи одлуката и наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и сопственикот на „Инвока Груп“, Даниел Станчев им одреди ефективен притвор. Тие треба да се спроведат од своите домови во истражниот затвор во „Шутка“, каде ќе останат 30 дена. Ова доаѓа по жалбата на обвинителката Ивана Трајчева, која сметаше дека Рашковски и Станчев и од дома можат да влијаат на сведоци, како што, веќе имало обид.

„Ценејќи го предлогот како и изјавените жалби донесе решение со кое ја прифати жалбата на јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна постапка. Со тоа на осомничените Д.Р. и Д.С. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во одлуката на судот.

Патувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева, се сомнева дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што, Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа.

фото: Архива

На почеток