Македонија

“Ти кажаа дека државата не ти е фабрика за ајвар па да ти ќутат?”, реакција откако Заев побара директорите да не даваат отпор

“Порака до сите директори кои прават отпор, да не прават” – Заев

Копито, сине, брат ти кажаа дека државата не ти е таа фабрика за ајвар па да ти ќутат сите, се вели во објавата на ФБ од Божидар Божиновски.

Инаку откако директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, порача дека по ниедна цена нема да го потпише решението за примање на 35 „рамковно вработени“, бидејќи не се соодветни за неговата институција, премиерот Зоран Заев упати порака дека директорите не треба да правцат опструкции.

„Сакам да истакнам порака до сите оние директори што прават отпор, да не прават отпор. Зошто имаат потреба реално, а тоа се наши граѓани и секој ја има шанса чесно да ја работи својата работа односно да работи. Ако не му се работи дали тие што ги преземаат сега или се досега вработени да им се заблагодариме да си одат дома. Така да испраќам порака пред се до директорот на Државниот пазарен инспекторат којшто е доста гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведуваат, а не да водиме, така да кажам, јавна војна преку медиумите едни со други. Тоа не ни треба, зошто ова е нешто што народот го очекува од нас“, рече денеска премиерот Заев.

Тој очекува во наредниот период, за 15-20 дена да се најде решение за преостанатите 350 вработени во јавната администрација кои со години не одат на работа, а земаат плата.

На почеток